Процена на комуникациските процеси на Собранието на РМ

Соочени со општото чувство на политичка индиферентност на граѓанството, намаленото ниво на доверба во политичките претставници и засилената перцепција дека постои некомпетентност кај претставничките институции, дури и парламентите на етаблираните демократии, последнава деценија, мораа да посветат повеќе внимание на зајакнувањето и промоцијата на вредностите на парламентарната демократија и подигнувањето на свеста на општата јавност за стожерните функции на парламентите.

Воспоставените практики и протоколи преку кои парламентарните процеси на јасен и сеопфатен начин ќе бидат пренесени до општата јавност и протоколите, преку кои различните јавности ќе можат да партиципираат во демократските процеси, се од клучна важност за оваа мисија.

Затоа, експерти на РЕСИС во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“ – организиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Владата на Обединетото Кралство ја спроведе Процената на комуникациските процеси и практики за јавно информирање на Собранието на Република Македонија.

Целта на Процената е да се утврди дали и како функционираат воспоставените системи за јавно информирање и партиципативност на општата јавност во оваа клучна демократска институција. Анализата е направена на две нивоа:

  • Прво, на оперативно ниво, таа ги идентификува „тесните грла“ во постојната организација на комуникациските циклуси насочени кон општата јавност и медиумите; и
  • Второ, на структурно и стратегиско ниво, ги идентификува елементите што ја спречуваат системската модернизација на комуникациските процеси на институцијата.

 

Целосната анализа е интерен документ на Собранието на РМ. Овде можете да го преземете РЕЗИМЕТО.