Продолжен рок: Повик за доделување грантови за новинарски истражувачки стории

Фондацијата за демократија на Вестминстер доделува грантови за новинарски истражувачки стории кои ќе се фокусираат на анализа за буџетите на државните институции во Република Македонија за 2019. Максималниот износ на секој поединечен грант е 1000 британски фунти. Рокот за аплицирање е продолжен до 28-ми јануари 2019 г.

Проектот „Поефективно и поефикасно трошење на парите на граѓаните низ подобар надзор“, е дел од регионалната програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер насловена „Иницијатива за демократија во Западен Балкан“ и има цел, низ комбиниран пристап на работа со државните институции и граѓанското општество, да придонесе кон поефективно и поефикасно трошење на јавните пари.

За да се постигне ова, проектот ќе работи со Собранието на Република Македонија за да им овозможи на собраниските служби да нудат поддршка на пратниците при вршење на финансиски надзор. Дополнително, ќе се поттикнува соработка на медиуми, граѓански организации и други актери од граѓанското општество, преку воспоставување партнерства, кои ќе се фокусираат на потранспарентно и поотчетно трошење на јавните пари.

Преземете го целиот текст на ПОВИКОТ
Преземете го формуларот за АПЛИКАЦИЈАТА