ИСТРАЖУВАЊА

Невладините организации често имаат потреба да спроведуваат сопствени истражувања кои ќе им овоможат подобро да ги остварат своите цели. РЕСИС може да им пружи поддршка во истражувањата на различни начини:

  1. Спроведување целосни истражувања
    За потребите на НВО, тимот на РЕСИС може самостојно да испланира и спроведе целосно истражување, кое потоа членовите на НВО ќе го користат во своите активности.
  2. Менторство при истражувања
    Кога НВО самостојно спроведуваат истражувања, но потребно им е советување и експертска помош, тимот на РЕСИС им нуди менторство во истражувачкиот процес, помош при изработката на дизајнот, истражувачките инструменти, собирањето и анализата на податоците и помош при пишувањето на истражувачкиот извештај.
  3. Обуки за истражување
    РЕСИС организира индивидуални или групни обуки за членовите на НВО кои сакаат подлабоко да навлезат во процесот на истражување и да се оспособат самостојно да планираат и реализираат помали истражувања. Содржината и времетрањето на обуките се обликуваат според претходното знаење и потребите на членовите на НВО.

Дел од темите што може да се вклучат во обуките се следните:

  • Вовед во истражувања на политиките (Policy Research) и во истражувања за застапување (Advocacy Research)
  • План за истражување
  • Квантитативни методи во истражувањата
  • Анкета
  • Обработка и анализа на квантитативни податоци
  • Квалитативни методи во истражувањата
  • Длабинско интервју и фокусни групи
  • Анализа на квалитативни податоци
  • Пишување истражувачки извештај
  • Презентирање на истражувачките резултати