Комуникациски стратегии

За да ги остварат своите цели и активности, НВО имаат потреба од специфично знаење од областа на комуникациите. За таа цел, тимот на РЕСИС нуди изработка на комуникациски стратегии и планови прилагодени на мисијата, целите или на специфичните проекти на НВО. Со помош на комуникациските стратегии НВО ќе можат:

  • да ги анализираат и детектираат слабостите на внатрешната комуникација;
  • да ги идентификуваат слабостите во комуницирањето со целните јавности;
  • јасно да ги утврдат перцепциите, ставовите и очекувањата на целните јавности;
  • подобро да ги дефинираат пораките и да досегнат до поголем број целни јавности;
  • да ја подобрат ефикасноста на комуникациските алатки што ги применуваат.