Истражувања

Јавните институции често имаат потреба од стручна помош во оценката на импактот од јавните политики или од прибирање податоци за ставовите, перцепциите и однесувањето на граѓаните во различни области. РЕСИС може да им пружи поддршка на јавните институции на различни начини:

  1. Оценка на импактот од јавните политики
    РЕСИС работи со мрежа од експерти кои можат за потребите на јавните институции да изработат проценка на можното влијание на новата регулатива со цел да се утврди дали со неа ќе се остварат посакуваните резултати. Проценката на влијанието на регулативата (Regulatory Impact Assessment) е често невозможна без изработка на детална студија и консултација со засегнатите страни.
  2. Истражувања на ставови и перцепции
    За потребите на јавните институции, тимот на РЕСИС може самостојно да испланира и спроведе целосно истражување на ставовите и перцепциите на граѓаните, корисниците на јавните услуги, вработените и другите целни јавности.
  3. Обуки за самостојно прибирање на податоци
    РЕСИС организира индивидуални или групни обуки за вработените во јавните институции на кои им се потребни знаења и вештини за прибирање и анализа на податоци во различни области на јавните политики. Содржината и времетрањето на обуките се обликуваат според потребите на јавните институции.

Дел од темите што може да се вклучат во обуките се следните:

    • Вовед во истражувања на политиките (Policy Research)
    • План за деск истражување
    • Квантитативни и квалитативни податоци
    • Анализа на документи
  • Пишување истражувачки извештај и документ за јавни политики

Реализирани истражувања:

Резиме на анализата на комуникациските практики во Собранието на РМ

РЕСИС во проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“ –  ја спроведе Процената на комуникациските процеси и практики за јавно информирање на Собранието на РМ.