Објавен монитор на медиумскиот плурализам

Експертите на РЕСИС изработија прва проценка на состојбата со плурализамот во медиумската сфера на Македонија, врз основа на методологијата на Центарот за медиумски плурализам од Фиренца.

Мониторот на Медиумскиот Плурализам (ММП) е истражувачка алатка дизајнирана со цел да се идентификуваат потенцијалните ризици за медиумскиот плурализам во земјите членки на Европската унија. Овој наративен извештај е изготвен во рамки на вториот циклус на МПМ во сите земји на Европската унија, што се реализираше во 2017 година.

Истражувањето е спроведено во 28 земји членки на ЕУ плус Србија, Република Македонија и Турција, со финансиска поддршка што Европската унија му ја додели на Центарот за медиумски плурализам и слобода на медиумите при Институтот на Европскиот универзитет од Фиренца (Centre for Media Pluralism and Media Freedom – European University Institute, Florence).

Извештајот може да го преземете ТУКА