Марија Нашоковска

Марија Нашоковска
Магистер по јавна администрација
Email: mnasokovska@gmail.com

Области на експертиза
Мониторинг и евалуација (М&Е) • Евалуација на проекти и програми • Развивање на индикатори • Воспоставување на М&Е системи

 

Биографија

Марија Нашоковска работи во полето на мониторинг и евалуација дванаесет години. Моментално работи како Директор за Мониторинг, евалуација и учење на Проектот на УСАИД за Деловниот екосистем во Македонија. На крајот на 2017 година, Нашоковска беше ангажирана како Специјалист за M&E во развивањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација во Македонија во делот на развивање на индикатори за следење на напредокот во спроведувањето на Стратегијата. Претходно, во два наврати, беше ангажирана како Специјалист за евалуација на импакт евалуацијата на проект поврзан со развој на локални стратегии за климатски промени во осум општини во Македонија. Ангажманите на Нашоковска примарно се поврзани со спроведување на евалуации, проценки, развивање и воспоставување на системи за M&E за различни програми. Марија беше национален евалуатор за оценка на резултатите од развојната помош што Шведската развојна агенција СИДА и ја дала на Македонија во период од една декада. Нејзиното искуство на полето на M&E ги покрива областите на демократија и добро владеење, образование, деца, млади и климатски промени.
Нашоковска е член на Европското друштво на евалуатори од 2006 година и учествувала на три конференции (последната во Даблин, Ирска во 2014 година) каде презентирала трудови од нејзината област.
Дел од проектите на кои била ангажирана Нашоковска вклучуваат:

  • Советник за мониторинг и евалуација на два регионални проекти на Американската адвокатска комора кои обработуваат теми на регионално поврзување на адвокатските комори на земјите од Западен Балкан и интернет слобода.
  • Евалуатор за Меѓународната организација на трудот за Националните програми за пристојна работа во Македонија, Србија и Црна Гора, како и на регионален проект за мирно решавање на работни спорови во Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија.
  • Специјалист за оценување на резултатите од интервенциите на проектот за зголемување на вработувањето, во родовата компонента спроведуван од Swiss Contact во Македонија

 

Образование

  • Магистер по јавна администрација, Maxwell Graduate School, Syracuse University, USA