Медиуми и добро владеење

Оваа област става нагласок на влијанието на медиумите врз демократијата и доброто владеење. Таа тргнува од премисата дека кога медиумите функционираат како критичар на јавните политики и како граѓански форум, тогаш тие придонесуваат кон вкупниот општествен развој.
Доброто владеење подразбира поголемо учество на граѓанското општество во одлучувањето за јавните политики, владеење на правото, борбата против корупцијата, транспарентноста и отчетноста на институциите, намалувањето на сиромаштијата и остварувањето на човековите права. Овие аспекти на доброто владеење се зајакнуваат кога медиумите во општеството се силни и независни. Медиумите овозможуваат постојана проверка и оценка на активностите на власта и помагаат прашањата од интерес за граѓаните и гласот на граѓаните да станат важни и да бидат слушнати во јавната сфера.

Реализирани истражувања:

  • Компаративна анализа Индикатори
  • Партиципативен модел на ЈРС
  • Скица за нова медиумска политика
  • Анализа за политичко огласување
  • Монитор на медиумски плурализам