Општествена правда и еднаквост

Областа Општествена правда и еднаквост во фокусот ги става посиромашните и маргинализираните граѓани, истражувајќи ги условите во кои може да се изгради општество кое на сите им дава еднакви права и можности за напредок и развој.
Секое слободно и праведно општество има одговорност да обезбеди заштита на човековите и на граѓанските права на секој поединец независно од полот, возраста, етничката припадност, сексуалниот идентитет и социо – економскиот статус.
Истражувањата во оваа област имаат цел да помогнат во откривање и отстранување на:

  • предрасудите и културните разлики во општеството што ги спречуваат групите и поединците да работат заеднички за јавното добро.
  • дискриминирачките правила, политики и практики со кои се засилува негативниот однос и третман кон посиромашните и маргинализираните групи и поединци.
  • структурните и системски нееднаквости кои негативно се одразуваат врз ранливите и обесправени групи граѓани.