Инклузивно и кохезивно општество

Областа Инклузивно и кохезивно општество се фокусира врз истражување на односите,  комуникацијата и соработката меѓу различните идентитетски групи во општеството. Главната цел на оваа област е да понуди решенија за општествените проблеми што се базираат врз откривање на корените на предрасудите и стереотипиите за припадниците на различни општествени групи.

Кога комуникацијата и соработката меѓу групите се спречени или отежнати, постои можност да се јави конфликт, што во крајна линија има негативни последици врз вкупниот растеж и развој на сите групи во општеството. Начинот на кој различните групи живеат “заедно“ во општеството е една од главните истражувачки теми. Иако поголем дел од времето групите живеат во хармонија, недовербата и непријателството постојат и се појавуваат најчесто како резултат на политичка мобилизација.

Истражувачките резултати од оваа област може да се користат за развивање на програми за зајакнување на интер- групната кохезија или за менување на перцепциите кон припадниците на другите групи.

Реализирани истражувања: