Граѓанство и партиципација

Областа Граѓанство и Партиципација става нагласок на новите начини на кои граѓаните ја обликуваат организацијата на општеството и државата. Главна цел на оваа истражувачка област е да понуди перспектива кон социјалните предизвици и проблеми – од агол на граѓаните.

Во теоријата за општествениот развој во последните две децении се разви идејата дека граѓанското ангажирање и партиципација можат директно да придонесат кон подобро владеење и кон севкупен развој на општеството. Оваа област се фокусира на истражување на ефектите од граѓанската партиципација во однос на следните теми: (а) начинот на кој се гради граѓанската свест и граѓанството; (б) појавата и јакнењето на партиципативните практики; и (в) јакнењето одговорни и отчетни институции.

Резултатите од оваа истражувачка област имаат значајни импликации врз креирањето програми чија цел е да се подобри одговорноста и ефикасноста на државните институции кон граѓаните.