Игор Мицевски

Игор Мицевски
Магистер по Компаративна политика: национализам и етницитет
Email: igor.micevski@resis.mk

Области на експертиза
Компаративна политика • Национализам • Методологија на општествените истражувања • Истражување на публиките • Дискурзивна анализа • Анализа на медиумското врамување

 

Биографија

Игор Мицевски MSc, е докторски кандидат во полето на политичката социологија и комуникологијата на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Негов академски интерес e квалитативното истражување на конструкцијата на интерпретативни рамки и хегемониски наративи во јавната сфера. Мицевски е магистер по Компаративната политика со фокус на проучувањето на национализмот и етницитетот. Магистерската титула ја доби на Лондонската школа за економија и политички науки (London School of Economics and Political Science – LSE). Изминатава деценија, беше предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавност и истражувач во Институтот за комуникациски студии во Скопје. Мицевски има и долгогодишно новинарско искуство во Светскиот сервис на Британската радиодифузна корпорација во Лондон (BBC World Service).
Мицевски има учествувано во повеќе академски и применети истражувачки проекти поврзани со истражувањето на медиумските содржини, медиумите и општествените конфликти, медиумскиот плурализам, ставовите и преференците на публиката и др. Дел од поновите проекти на кои е ангажиран опфаќаат:

  • Од септември 2014 до декември 2016 година беше дел од тимот на научно-истражувачкиот проект: „Перспективи и развој на јавните емитувачи: Компаративна студија за развојот на јавните РТВ сервиси на Западен Балкан во светлината на ЕУ интеграциите“, што го координираше Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ од Сараево (http://www.analitika.ba) , во соработка со Универзитетот во Фрајбург од Швајцарија. (http://www.unifr.ch/home/welcomeE.php)..
  • Од јануари 2014 до декември 2016 година, тој беше истражувач на Работниот пакет 3 – Медиумите и Јавностите, во рамки на проектот финансиран од Рамковната програма 7 на Европската комисија: INFOCORE (Informing Conflict Prevention, Response and Resolution), http://www.infocore.eu/
  • Од февруари 2016 до крајот на 2018 година, тој е ангажиран како истражувач и ко-автор на компаративната студија: „Индикатори за нивото на медиумските слободи и безбедноста на новинарите од Западен Балкан“, спроведена во рамки на проектот финансиран од ЕУ: Регионална платформа на Западен Балкан за застапување за медиумските слободи и безбедноста на новинарите,
    http://safejournalists.net/wp-content/uploads/2017/02/Full-WB-Indicators-media-freedoms-2016-Comparative-Analysis-ENG.pdf.pdf
  • Од јануари до декември 2017 година тој е дел на националниот истражувачки тим на Центарот за медиумски плурализам од Фиренца, Италија, во рамки на кој се спроведува проектот “Проценка на ризиците за медиумскиот плурализам во ЕУ и пошироко: примена на инструментот за Мониторирање на Медиумскиот Плурализам (MPM 2017) во 30 земји”, во рамки на кој ќе се спроведе и проценка на состојбата со медиумскиот плурализам во Македонија. http://cmpf.eui.eu/media-pluralism-monitor/
  • Од март до декември 2017 година тој беше главен истражувач на „Коалицијата Маргини“ во Скопје, во рамки на проектот за анализа на медиумското претставување на на LGBT заедницата во Македонија. Во рамките на проектот ја изработи студијата „Framing the Rainbow: Анализа на известувачките рамки во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТ“
    https://i2.wp.com/coalition.org.mk/wp-content/uploads/2017/12/framing.jpg
  • Од ноември 2017 – февруари 2018 година во рамките на проект за јакнење на капацитетите на Собранието на Република Македонија на Westminster Foundation for Democracy, Мицевски работеше на „Проценка на комуникациските процеси и практиките на јавно информирање на Собранието на Република Македонија“.

 

Образование

  • Докторски кандидат по политичка социологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.
  • Магистер по компаративна политика, национализам и етницитет на Лондонската школа за економија и политички науки (London School of Economics and Political Science).
  • Дипломиран филолог по Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“.