Мисија

Мисија

Институтот за истражување на општествениот развој – РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и да ги анализира јавните политики кои или се катализатор на промената, или пак, треба да одговорат на неа за да обезбедат непречен општествен развој.

Нашата работа е насочена кон унапредување на концептот на општествен развој што во фокусот ги става граѓаните, а особено маргинализираните групи, со цел да се изгради поправедно општество кое на сите им дава еднакви можности за напредок. За таа цел институтот работи на:

  • развивање нови знаења за процесите на кои организациите и поединците се мобилизираат со цел да направат промена;
  • развивање на иновативни методологии за истражување на општествените промени;
  • развивање на протоколи на мониторинг и евалуација на ефектите од јанвите политики;
  • поттикнување иницијативи преку кои граѓаните на партиципативен начин ќе можат да влијаат врз организацијата на државата и општеството и ќе ја зголемат отчетноста и ефикасноста на институциите;
  • промовирање на клучната улога на медиумите во демократијата и за општествениот развој;
  • унапредување на теоријата за општествениот развој и развој на стандардите на истражувачката пракса во социологијата и другите општествени науки.

РЕСИС е основан во 2017 година како резултат на растечката потреба од компетентни општествени истражувања. Тимот на РЕСИС е составен од водечки експерти од полето на социологијата, медиумите и комуникологијата, политикологијата, економијата, статистиката и др.