ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС на „Денот на граѓанските организации“ ги претстави истражувачките проекти и активностите за зајакнување на комуникациските капацитети на Собранието на Северна Македонија и на Државниот завод за ревизија, спроведени под закрила на Фондацијата за демократија Вестминстер.

Во двата проекта РЕСИС направи проценка на внатрешните и надворешните комуникации на овие институции. Проектот за зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија дополнително вклучува и подготовка на процесно ориентирана комуникациска стратегија дизајнирана да ја отвори оваа институција кон различните јавности и практична апликација на комуникациската стратегија, која подразбира и реструктуирање на внатрешната комуникација меѓу различните сектори во врховната ревизорска институција.

Овие два проекта се дел од стратегиската цел на РЕСИС да даде придонес кон функционализирање на работните процеси во јавните институции и обезбедување на институционален развој преку подлабинско разбирање на комуникациските практики и зајакнување на комуникациските процеси.   

Проектите беа финансирани од Британската амбасада во земјата и Фондацијата за демократија Вестминстер. Институтот РЕСИС е грантист на програмата CIVICA Mobilitas.

DZR One Pager

Скицата на проектот преземете ја ТУКА

Процена на комуникациските процеси и практики за јавно информирање на Собранието на РСМ

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе