ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Институтот РЕСИС покрена иницијатива за унапредување на стандардите во истражувањата на медиумска писменост во нашата земја. На Мрежата за медиумска писменост, РЕСИС и предложи Насоки за етика во истражувањата на медиумската писменост , за кои членките на Мрежата треба да се изјаснат во јавната консултација што ќе трае до средината на ноември.

Овој документ утврдува 17 етички принципи кон кои треба да се придржуваат организациите и истражувачите со цел: (1) да обезбедат квалитет, независност и интегритет на истражувањата, (2) да ја зачуваат приватноста на лицата вклучени во истражувањата, (3) да го прилагодат својот пристап и да ги заштитат ранливите групи во истражувањето и (4) одговорно, точно и непристрасно да ги презентираат резултатите од своите истражувања во јавноста.

debata screenshot
На онлајн дебата организирана во рамки на Деновите на медиумската писменост за улогата на истражувањата во ова поле, РЕСИС ги претстави наодите од две свои сеопфатни студии што ги детектираат промените во навиките на информирање на публиката поради влијанието на дигиталните технологии, од една страна и критичката свесност и стратегиите на однесување на публиката кон различни видови „негативни“ содржини на интернет, од друга.

И двете студии „Мапирање на нивоата на медиумска писменост во РСМ – кај популацијата на возраст над 16 години“ и „Утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми “ се изработени за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.


Мрежата за медиумска писменост, чија работа ја координира Агенцијата, е обид за обединување на активностите на сите релевантни субјекти кои можат да придонесат во подигнување на нивото на медиумската писменост кај граѓанитe.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе