ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.

 Регулирањето на медиумската сопственост во законската рамка е од клучно значење за обезбедувањето фактички плурализам и разновидност во медиумскиот сектор. Македонската регулаторна рамка е една од најрестриктивните во регионот, но и пошироко. Ограничувањата од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се многу строги и веќе не обезбедуваат рамнотежа меѓу потребата да се заштити плурализмот и да се обезбеди виталност и одржливост на аудиовизуелниот сектор, особено во новото дигитално опкружување. Македонскиот аудиовизуелен пазар е мал, фрагментиран, со мали приходи од огласување, така што субјектите имаат потреба да спроведуваат економија на обем за да обезбедат одржливост.

Работилница скриншот

Затоа, учесниците на работилницата се согласија дека е потребно да се ревидира актуелната законска рамка и голем дел од сегашните рестрикции во поглед на сопственоста да се остранат. Беше заклучено дека Студијата и заклучоците од работиницата треба да се достават до надлежното министерство, со барање да се отвори опширна, транспарентна и инклузивна дебата за измени на Законот за медиуми и Законот за аудиовизуелни медиумски услуги со цел да се поттикне развој на аудиовизуелните медиумски услуги, но и да се усогласи медиумската легислатива со најновите измени на ЕУ Директивата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.
Студијата беше изработена од д-р Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС и Жан-Франсоа Фурнемон од „Вагнер-Хетфилд“, а нарачана од Советот на Европа за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како дел од акцијата „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС 2) .

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе