ВЕСТИ И НАСТАНИ
ИНСТИТУТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Трите студии кои институтот РЕСИС ги презентираше на овогодинешното издание на Денот на граѓанските организации, имаат втемелувачко значење за развојот на медиумските истражувања во РСМ.

Студијата Влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз традиционалните медиуми, дава сеопфатна слика за променетите навики на публиката во дигиталното опкружување и практиките на огласување во традиционалните и во онлајн медиумите. Истражувањето изобилува со различни видови податоци и претставува прв обид да се мапира состојбата на пазарот на онлајн огласувањето во земјава.   

Сеопфатната студија Родот во Медиумите: Анализа на родовите аспекти во програмата за деца на националните терестријални телевизии – е прво мултидисциплинарно и иновативно завлегување во родовите прашања кај програмите за деца во земјава. Студијата ѝ овозможува на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да ги дизајнира идните медиумски политики во овој важен програмски домен.

Конечно, студијата Мапирање на нивоата на медиумската писменост во РСМ – кај популацијата на возраст над 16 години , е важен придонес кон прашањето на користењето на медиумите од публиката и основа за напредок во истражувањата на медиумската писменост.

Цивика ДЕН НА ГО

Денот на Граѓанските Организации е годишен настан организиран од програмата CIVICA Mobilitas и РЕСИС, како нова организација, учествува втора година. Целта на настанот е да им се овозможи на невладините организации во РСМ да ги претстават и да ги промовираат своите проекти, кои придонесуваат кон општествениот развој.

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе