RESIS

ВЕСТИ И НАСТАНИ

Инфо Наодите од Студијата за плурализмот на медиумската сопственост презентирани пред регулаторното тело, радиодифузерите и невладините организации
Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.
Повеќе
Инфо Три истражувања на РЕСИС, презентирани на Денот на Граѓанските Организации
Трите студии кои институтот РЕСИС ги презентираше на овогодинешното издание на Денот на граѓанските организации, имаат втемелувачко значење за развојот на медиумските истражувања во РСМ.
Повеќе
Инфо И публиката и огласувачите сé повеќе се онлајн – укажува студија на РЕСИС
Навиките на користење на медиумите во денешното дигитализирано опкружување се повеќе се одразува и врз пазарот на огласување. Приходите од огласување на традиционалните медиуми се во постојан пад, додека пак приходите од онлајн огласување се во постојан и забрзан раст.
Повеќе
Инфо ТВ Програмите за деца не се родово сензитивни – сугерира истражување на РЕСИС
Еден од наодите на нова студија која ги анализира родовите аспекти на детските емисии во програмите на националните телевизии, открива дека во играната програма од домашна продукција и на Јавниот сервис и на приватните национални телевизии има доминација на општествени вредности карактеристични за патријархалните општества.
Повеќе

Навиките на користење на медиумите во денешното дигитализирано опкружување се повеќе се одразува и врз пазарот на огласување. Приходите од огласување на традиционалните медиуми се во постојан пад, додека пак приходите од онлајн огласување се во постојан и забрзан раст.

Новата студија на РЕСИС - изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) - прави паралела меѓу навиките на информирање, забава и едукација на публиката од традиционалните и од новите медиуми и приходите од огласување што ги оствариле овие медиумски сектори во изминатите три години.

Иако навиките на публиката влијаат врз практиките на огласување, сепак, во Студијата се вели дека причините за растот на приходите во онлајн огласувањето не треба да се бараат во „прелевањето“ на буџетите од традиционалните медиуми, туку во брзиот развој на онлајн секторот што привлекува и нови огласувачи кои имаат потреба од брзи и таргетирани онлајн кампањи.

Интернетот веќе ја достигнува телевизијата како извор на информации за домашни настани, но за помладата публика тој е главен извор на информирање. Публиката информации најчесто бара на социјалните мрежи (89%), потоа на агрегаторите (55%), па на веб страниците на домашните портали (48%) или на домашните телевизии (37%).

Во поглед на забавата, иако сé уште доминира традиционалното гледање телевизија, во пораст се новите начини на гледање (на барање, преку компјутер и преку мобилен телефон), особено меѓу помладите генерации. Ваквиот тренд постепено ја доведува во прашање улогата на традиционалната телевизија како главен извор на забава за публиката.

Од друга страна, проценката на приходите од огласување во различни медиумски сектори укажува на тоа дека во 2018 година телевизиите оствариле 60% од вкупниот приход од огласување, интернетот остварил 20%, аутдор огласувањето 15%, додека пак уделите на радиото и на печатените медиуми биле незначителни.
Притоа, во Студијата се нагласува дека уделот на онлајн огласувањето во РСМ е далеку помал во споредба со оној во европските држави, каде во 2018 година овој сектор остварил рекорден удел од 45% од вкупните приходи за огласувањето во сите медиумски сектори.

Во Студијата беа комбинирани повеќе методи на истражување. Навиките на публиката на традиционалните и на новите медиуми беа согледани врз основа на претходно реализирано теренско истражување на АВМУ и врз основа на телефонска анкета спроведена за потребите на Студијата.

Обемот и карактеристиките на пазарот на дигиталните медиуми беа утврдени врз основа на податоци добиени од Централниот регистар на РСМ и сознанија и податоци добиени преку длабински интервјуа со домашни онлајн медиуми, огласувачки агенции, експерти за дигитален маркетинг, претставници на ИАБ и др.

Целата студија ќе ја најдете на овој линк: УТВРДУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА НОВИТЕ МЕДИУМИ ВРЗ ФОРМИРАЊЕТО НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе

Мисија

РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Христо Смирненски бр. 25 - 33 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk