RESIS

ВЕСТИ И НАСТАНИ

Инфо Наодите од Студијата за плурализмот на медиумската сопственост презентирани пред регулаторното тело, радиодифузерите и невладините организации
Наодите од Студијата на Институтот РЕСИС „Плурализам во медиумската сопственост во новото медиумско опкружување “ беа презентирани на онлајн работилница на која учествуваа претставници на регулаторното тело, радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и невладините организации од медиумската сфера.
Повеќе
Инфо Три истражувања на РЕСИС, презентирани на Денот на Граѓанските Организации
Трите студии кои институтот РЕСИС ги презентираше на овогодинешното издание на Денот на граѓанските организации, имаат втемелувачко значење за развојот на медиумските истражувања во РСМ.
Повеќе
Инфо И публиката и огласувачите сé повеќе се онлајн – укажува студија на РЕСИС
Навиките на користење на медиумите во денешното дигитализирано опкружување се повеќе се одразува и врз пазарот на огласување. Приходите од огласување на традиционалните медиуми се во постојан пад, додека пак приходите од онлајн огласување се во постојан и забрзан раст.
Повеќе
Инфо ТВ Програмите за деца не се родово сензитивни – сугерира истражување на РЕСИС
Еден од наодите на нова студија која ги анализира родовите аспекти на детските емисии во програмите на националните телевизии, открива дека во играната програма од домашна продукција и на Јавниот сервис и на приватните национални телевизии има доминација на општествени вредности карактеристични за патријархалните општества.
Повеќе

Еден од наодите на нова студија која ги анализира родовите аспекти на детските емисии во програмите на националните телевизии, открива дека во играната програма од домашна продукција и на Јавниот сервис и на приватните национални телевизии има доминација на општествени вредности карактеристични за патријархалните општества.

Студијата - плод на сеопфатно истражување на Институтот за истражување на општествениот развој - РЕСИС преку анализа на седум дихотомни скали на семантички диференцијали, утврдува дека во емисиите од домашна продукција машките ликови недвосмислено добиваат супериорни општествени маркери. Тие се претставени како помудри, посилни и поактивни од женските ликови, кои се претставени како поплиткоумни, покревки и попасивни од машките. Исто така, анализата покажа дека машките ликови се најчесто во доминантна позиција, а женските во подредена.

„Анализа на родовите аспекти во програмите за деца на националните терестријални телевизии“ е оригинално остварување и е прво квантитативно и квалитативно завлегување во родовите прашања и претставувањето на мажите и жените во програмите за деца во земјава.

Во истражувањето беа опфатени сите емисии за деца емитувани на МРТ1 и МРТ2 – Програма на албански јазик, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма и ТВ Алсат М во периодот од 15 септември до 15 октомври 2019 година. Во вкупно 520 изданија на емисии од домашно и странско производство, со траење од повеќе од 200 часа, беше спроведена родова анализа врз вкупно 4553 ликови од кои 2657 беа женски, 1842 беа машки и 54 безродови.

Наодите на истражувањето во кое освен програмата од жанрот наратив / играна приказна, беа анализирани и музичките, конверзациските и хибридните емисии, беа добиени со употреба на комбинирани методи на прибирање и анализа на податоци - Анализа на содржина (истражувачка техника која дава квантитативни и квалитативни показатели) и со примена на Дискурзивна и на Тематска анализа (квалитативни истражувачки техники).

Медиумите како клучни диспечери за производство на дискурс често произведуваат политички натопен нормативен отпечаток за тоа какви треба да бидат родовите улоги и како треба да изгледаат телата на мажите и жените. Доказите дека детската програма не е исклучок, како и препораките за тоа што треба да се направи следно во регулаторна и програмска смисла, може да ги најдете ако кликнете на овој линк: РОДОТ ВО МЕДИУМИТЕ 2019: АНАЛИЗА НА РОДОВИТЕ АСПЕКТИ ВО ПРОГРАМИТЕ ЗА ДЕЦА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕРЕСТРИЈАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ

ПОДДРШКА

НВО Повеќе
ИНСТИТУЦИИ Повеќе

ИСТРАЖУВАЊА

ПРОЕКТИ Повеќе
ПУБЛИКАЦИИ Повеќе

Мисија

РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Христо Смирненски бр. 25 - 33 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk