РЕСИС
Инфо Работничките права на новинарите и медиумските работници – домашната правна рамка
Работничките права на новинарите и медиумските работници се основа за слободно, независно и професионално новинарство. За остварување на овие права потребно е познавање на правната рамка во која новинарите и медиумските работници дејствуваат како вработени во медиумскиот сектор. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, во соработка со Институтот РЕСИС, како дел од едно сеопфатно истражување ја објавува публикацијата со наслов: „Работничките права на новинарите и медиумските работници – правна рамка на Република Северна Македонија“, чија авторка е Маја Атанасова од Македонското здружение на млади правници.
Повеќе
Инфо Граѓаните од Вардарски регион добиваат медиум на заедницата, интернет платформа ,,Локал Актив Вардар"
Вардарскиот регион добива интернет платформа за информирање за теми и прашања од локален интерес, што се од исклучителна важност за граѓаните во овој регион. Станува збор за медиум на заедницата, кој е различен од другите видови медиуми во државата. Целта на овие медиуми е да им се даде видливост на локалните теми и глас на самите граѓани. Ваква платформа веќе цела година функционира во Источниот и Југоисточниот регион, а сега се покренува и во Вардарскиот регион.
Повеќе
Инфо Истражување на РЕСИС и ССНМ – темел за единствен стратегиски пристап кон остварување на работничките права на новинарите и медиумските работници
Ново истражување укажува на тоа дека новинарите и медиумските работници во земјава се соочуваат со голема оптовареност во работата, ниски плати, неплатена прекувремена работа и работа во празници, голем работен стрес и загриженост за своето психичко здравје.
Повеќе
Инфо Конференција: „Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство“
Колку новинари има во Македонија, каде се ангажирани, колку од нив се редовно вработени, а колкумина се хонорарци и дали тие ги уживаат загарантираните права предвидени со Законот за работните односи? Дали се чувствуваат слободни да членуваат и дејствуваат во свои синдикални организации, и колку активизмот во овие организации и пред сѐ, во ССНМ може да влијае врз подобрување на условите, безбедноста и професионализмот при работењето?
Повеќе
Инфо Граѓанските организации остро ја осудуваат пресудата против ИРЛ за клевета и бараат да се утврди одговорност за донесувањето на истата
Граѓанските организации, потписнички на ова барање остро реагираат на пресудата во предметот против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за клевета со која се загрозува слободата на здружување и слободата на изразување. Со ова се повредуваат некои од основните човекови права загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија.
Повеќе
Инфо Работилница за продукција на аналитички приказни ЛокалАктив
Активистите од 14 граѓански организации, членки на онлајн медиумот на заедницата Локал Актив, поминаа еднодневна обука за генерирање нови локални теми и пишување аналитички приказни што потоа ќе се објават на нивната заедничка онлајн платформа.
Повеќе
Инфо НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието
Ние, професионалните новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично им се спротивставуваме на скорешните обиди за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Нашата позиција доаѓа од експертската процена дека предложените измени ќе бидат исклучително штетни за медиумскиот плурализам, независноста на медиумите и слободата на новинарите и медиумските работници во Македонија.
Повеќе
Инфо Јавна дебата за улогата на медиумите на заедницата во поттикнувањето на плуралистичката демократија
На онлајн дебатата која се одржа во рамки на Деновите на медиумската писменост, граѓанските организации кои работат на локално ниво дебатираа за факторите кои го попречуваат вклучувањето во јавната сфера на граѓаните со различни облици на попреченост. Поттик за дебатата беа наодите од најновото истражување што го спроведоа самите граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион, во соработка со Институтот РЕСИС.
Повеќе
Инфо Прв состанок на уредништвото на медиумот на заедницата ЛокалАктив
На 5 октомври Институтот РЕСИС заедно со активисти од граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион и професионални новинари, го одржа првиот состанок на уредништвото на онлајн медиумот на заедницата – ЛокалАктив.
Повеќе

Компаративната анализа што ја изработи РЕСИС ја разгледува регулативата за политичкото огласување во медиумите за време на изборни кампањи или референдуми во неколку европски земји и во Македонија.

Потребата од оваа анализа произлезе од низа дилеми и прашања кои се наметнаа во Македонија во текот на последниве десетина години, кога политичкото паралелно со државното огласување, масовно се користеа како механизам за „купување“ на сервилноста на медумските сопственици. Таквата практика темелно ја измести позицијата на медиумите и новинарството во македонското општество, така што тие наместо да им служат на граѓаните и на јавниот интерес, во најголема мера им служеа на центрите на економска и политичка моќ.

Анализата ги презентира најдобрите европски стандарди и правните системи на развиените демократии во Европа кои не дозволуваат политичко огласување во радиодифузните медиуми. Таа треба да поттикне јавна расправа за аргументите кои ги користат развиените демократии и Европскиот суд за човекови права при оценката на негативното влијание што политичкото огласување може да го има врз јавната сфера, новинарството и,  генерално, врз слободата на изразувањето. Анализата препорачува државното огласување да се укине, а да се преиспита потребата и условите под кои може да се објавува платена политичка содржина во медиумите.

РЕСИС ја изработи оваа анализа во соработка и за потребите на Здружението на новинарите на Македонија, со финансиска поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер и Европската Унија во рамките на проектот „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштита на новинарите“.

ПОДДРШКА НА НВО
Повеќе
ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ
Повеќе
ИСТРАЖУВАЧКИ ПУБЛИКАЦИИ
Повеќе

Мисија

РЕСИС е мултидисциплинарна истражувачка организација, чија основна цел е да го унапредува теоретското и практичното знаење за проблемите на општествената промена и анализа на јавните политики.
Повеќе

Партнери на РЕСИС

РЕСИС воспоставува стратегиски врски и партнерства со невладини организации, високообразовни институции и истражувачки институти.
Повеќе

Контакт

Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје

Орце Николов бр. 122 0/001 1000 Скопје

e-mail: office@resis.mk